EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Железото и вашето здравје

Витамините и минералите играат важна улога во зачувувањето на здравјето. Железото не е исклучок. Светската здравствена организација предупредува дека 80% од населението во светот страда од недостиг на железо. Ако вие сте дел од останатите 20% – продолжете така. Но, ако сте дел од мнозинството – оваа статија е наменета за вас.

ЗОШТО Е ВАЖНО ЖЕЛЕЗОТО?

Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем. Организмот не произведува железо, туку го апсорбира преку тенкото црево. Железото е основен и најважен елемент на хемоглобинот, кој го разнесува кислородот во телото.

Недостигот на железо кај децата предизвикува забавено растење и проблеми во однесувањето. Кај бремените жени, кои што имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО

Дефицитот на железо се појавува почесто кај жените, отколку кај мажите. Во период од 30 дена жените губат повеќе железо од мажите.

Најчестите симптоми кои што се јавуваат при недостиг на железо се:

Малаксаност и умора;
Вртоглавица или несвестица;
Опаѓање на косата;
Намалена концентрација;
Главоболки;
Кршливи нокти.

Дали едно лице страда од недостиг на железо може да се утврди преку анализа на неговата крв.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Медот е корисен и здрав за секој дел од човековото тело

Angela

СЗО ја одобри првата вакцина против маларија

Angela

Како да го подобрите железото

Angela