EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Жерар Пике пак во проблеми: „Клара е постојано намуртена и незадоволна“ (ФОТО)

Додека ја решава ситуацијата со неговите патувања за да ги посети своите деца Милан и Саша, Жерар Пике има уште еден проблем, бидејќи треба да се справи со постојаното лутење и незадоволство на неговата сегашна партнерка, Клара Чиа.

Пике е во врска со Чиа од минатата година, дури и обожавателите на Шакира ја обвинуваат за крајот на врската меѓу колумбиската пејачка и поранешниот фудбалер на Барселона.

И иако им требаа неколку месеци за да бидат видени отворено на улица како пар, Пике и Клара веќе не кријат ништо, добро или лошо.

На профилот на Твитер посветен на парот, објавена е фотографија на која се гледа како Клара му се лути на Пике, додека тој се обидува нешто да ѝ објасни. Фановите на Пике велат дека Клара е постојано намуртена и постојано за нешто му се лути.

Забелешката од корисниците на Твитер е дека Клара сега наместо да ужива во љубовта, и тоа може да го прави отворено, на јавни места, напротив – постојано „зановета“. Претпоставките одат до таму што некои се сомневаат дека љубовта полека им згаснува.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се огласи Џорџина: Роналдо сака да ја откачи, а манекенката вака се брани (ФОТО)

Angela

Лудило–салата од пиперки во масло и сирење: ова е врв, пробајте

Angela

Вардар посилен за уште еден спонзор

Angela