Тереза Кесовија има богата кариера долга над 50 години, хитови, популарност, но и болна животна приказна. Животот на една од најпочитуваните пејачки на овие простори започна со трагедија – нејзината мајка починала кога Тереза имала само два дена. Причина за смртта била сепса бидејќи во тие години жените се пораѓале дома и немале соодветни лекови и нега.
За време на студиите на Музичката академија во Загреб, таа го запознала својот прв сопруг Миро Унгар, со кого го добила синот Алан.
Откако се разведе од првиот сопруг, Тереза се омажи за хрватскиот ватерполист Роналд Лопатни, со кој имаше многу бурен брак. Уште една голема трагедија која и го одбележа животот се случила во 1974 година, кога дознала дека нејзиниот брат загинал во сообраќајна несреќа додека снимала видео во Германија. Набргу потоа ја изгубила жената која ја сметала за мајка, бидејќи починала и нивната маќеа Јела.
На несреќите на Тереза им немаше крај. Открила дека боледува од рак, по што и биле отстранети бубрегот и два тумора, а морала да ги оперира и гласните жици. Во 2010 година, познатата пејачка објави автобиографија во која ги опиша најтешките моменти од нејзиниот живот.
Она што е малку познато во јавноста е дека Тереза во еден период од животот се обидела да си го одземе животот, а во една прилика за тоа, за прв и последен пат проговори за тамошните медиуми.
-Вистина е, се обидов да се самоубијам. Никогаш во животот не сакам да лажам. И кога бев мала не лажев за оценките и кога добивам единица. Човек се чувствува добро кога ја зборува вистината. Тоа се случи во Париз, ми беше многу тешко. Моето дете тогаш имаше три години… Немав преголема причина да си го скратам животот, мислам дека беше 1967 година. Лежев, ја гледав секоја линија на таванот, барав пајажина и ги собирав темните мисли. Како автомат, како робот, скокнав и барав лекови. Тогаш бев страшно глупава, сега ми е смешно… Среќа што до вратата дојде моето дете, но јас веќе ги испив апчињата. Брзо отидов во болница, но за среќа таа беше во близина… – изјавила Кесовија.