EXCLUSIVE MK
СПОРТ Фудбал

Жорди Алба откри како го трошел првиот милион

Жорди Алба долги години е дел од првиот тим на Барселона, односно повеќе од една деценија е симбол за каталонскиот гигант, со што во моментов има статус на еден од најискусниот играчи во тимот на Чави.

Иако не игра како во минатото, левиот бек со огромна страст го доживува секој натпревар на Барса, па така беше и на „Ел Класико“ кога беше еден од играчите кои најмногу го славеа голот за победа на Франк Кеси. Левиот бек влета на теренот и заврши во прегратка на своите соиграчи, но пред да дочека да биде легенда на Барселона, Алба својата кариера во Ла Лига ја започна во Валенсија.

Жорди не крие дека има само убави спомени од „Месталја“, а во разговорот со новинарот Ристо Мехиде открива дека таму и за првпат добро заработил во професионалната кариера.

– Мојот прв милион го заработив во Валенсија. Во тоа време, не ги вреднував парите кои ги имав. Сега ги вреднувам парите и заработката, но тоа не е најважно во животот.

– Со мојот прв милион му купив автомобил на мојот татко, му купив Мерцедес. Кога си отидов од Барселона, тој на секои 3-4 дена доаѓаше во Валенсија со автомобил за да ме гледа. Го правеше тоа се додека не му се случи страшен инцидент. Имаше судир со камион и преживеа огромна траума. Набрзо после тоа, му купив Мерцедес и мораше да биде изненадување. Почна да плаче од радост, не поради автомобилот, туку поради тоа што помислив прво на него, – открива Алба.

Фото: twitter.com/FCBarcelona

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година

Angela

Американците го освоија „Голд Купот“

Angela

Андоновски со бронзен медал се враќа од Токио

Angela