EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

ЗАВИСНИ СТЕ ОД КАФЕТО? Во овие моменти никако не смеете да го пиете!

Многу студии го поврзуваат кафето со намален ризик од деменција, забрзан метаболизам и намален ризик од рак.

Секако, дава и дополнителна енергија што нè раздвижува наутро… Сепак, има и нешто помалку добри ефекти на кафето, односно ситуации во кои треба да ја избегнуваме или барем да ја намалиме неговата консумација.

Ако кафето е премногу топло

Наместо да испиете малку кафе веднаш штом ќе биде готово, почекајте прво да се олади малку.

Според извештајот на Светската здравствена организација, консумирањето на пијалоци потопли од 65 ° C може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводот.

Со додавање на млеко или крем за кафе, можете да ја намалите температурата за неколку степени, но најдоброто решение е сепак трпеливоста.

Едноставно почекајте неколку минути додека кафето не достигне температура што може да се конзумира безбедно.

Ако сте склони кон анксиозност

Ако се чувствувате како да сте на работ, да пиете уште една шолја кафе може да создаде дополнителен проблем за вас.

Кофеинот има стимулирачки ефект врз нервниот систем бидејќи го стимулира лачењето на кортизол, што може да ги влоши анксиозноста и проблемите со спиењето.

За да го намалите влијанието на кофеинот, обидете се да ја намалите количината на кофеин што ја консумирате и да ја испиете последната шолја кафе не подоцна од 6 часа пред спиење.

По непроспиена ноќ

Кафето може да изгледа како природно решение за непроспиена ноќ, но може само да ви помогне во одредена мера.

Ново истражување покажува дека кофеинот престанува да биде ефикасен начин за будење доколку сте спиеле помалку од 5 часа повеќе од 3 последователни ноќи.

Причината е фактот дека толку малку сон предизвикува пад на вашите ментални способности што дури и најголемата количина кофеин не може да ја поправи.

Ако не можете да спиете барем 7 часа секоја вечер, можеби е најдобро да го прескокнете кафето целосно, а кога ќе се намали нивото на енергија, обидете се да дремнете кратко.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Angela

Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот

Angela

Одржана втората полуфинална вечер на Евровизија – ќе се изненадите од 10-те финалисти, особено оваа земја „НЕ ЗАСЛУЖИ“ да влезе (ВИДЕО)

Angela