EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Заврши идентификацијата на сите 45 жртви од автобуската несреќа во Бугарија

Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници, од кои шест се наши, а еден српски државјанин

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба во Бугарија, Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви од автобусот што се запали на автопатот „Струма“. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Вчера, како што рече тој, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини.

Телата, како што беше најадено претходно, денеска со бугарски авион треба да бидат пренесени во земјава. Од Меѓународниот аеродром преку државен протокол ќе им предадени на семејствата.

Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници, од кои шест се наши, а еден српски државјанин.

Несреќата во која загинаа 45, а седум лица беа повредени се случи во раните утрински часови на 23 ноември кога тие со автобус на агенцијата „Беса транс“, преку Бугарија, се враќаа од тура во Истанбул.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: Приватни снимки од Вилијам и Кејт, погледнете како изгледаше крунисувањето на Чарлс зад сцената

Angela

Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Angela

Озонската дупка се обновува, два елементи треба да се држат под контрола

Angela