EXCLUSIVE MK
Фудбал

Загина синот на германската фудбалска легенда Михаел Балак

Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа.

Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16) Двојката се разведе во 2016 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пандев распали по раководството на ФФМ: Сите чекавме промени после срамот во Англија

Angela

ФОТО: Кристијано Роналдо повторно со лакирани нокти, причината ќе ве изненади

Angela

Куман: Во оваа земја ви даваат црвен картон без причина

Angela