EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Загрижува брзото топење на глечерите на Антарктикот

Масивен глечер на Антарктикот, кој се смета за клучен за глобалното зголемување на нивото на морето, би можел да го загуби својот леден гребен за само пет години, предупредува тим на научници.

Станува збор за глечер со големина на Флорида, кој се наоѓа во западниот дел на Антарктикот и кој некои го нарекуваат „Глечер на Судниот ден“. Ова се должи на фактот дека има огромен потенцијал да го подигне нивото на морето кога ќе се стопи. Површината на глечерот е околу 192.000 квадратни километри, што приближно одговара на големината на Флорида.

Тим американски научници објавиja дека се формираат нови пукнатини на источната полица која поддржува една третина од глечерите. Полицата делува како брана која го забавува протокот на мраз од континентот кон океанот, но се чини дека „ja губи контролата“ поради топлата вода што продира под глечерот, тврдат научниците повикувајќи се на сателитски снимки.

„Доколку оваа пловечка ледена покривка се сруши, глечерот ќе се забрза, а неговото влијание врз порастот на нивото на морето ќе се зголеми за дури 25 отсто“, велат научниците, додавајќи дека полицата може да се распадне за само пет години.

Според истражувањата, еден од глечерите кој најбрзо се топи на Антарктикот придонесува за четири отсто од глобалното годишно зголемување на нивото на морето, додека пукнатините се шират до централниот дел на ледениот гребен за два километри годишно.

„Ќе има драматична промена пред глечерот, веројатно за помалку од една деценија. Објавените и необјавени истражувања го покажуваат тоа“, изјави професорот по геологија Тед Скемберс за Би-Би-Си.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денес е голем и тежок празник – Митровден

Angela

Нов силен земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во БиХ

Angela

Руската рубља се врати на курсната листа на Народната банка

Angela