Сонцето е во центарот на нашиот сончев систем од каде што овозможува доволно топлина и светлина за да може да постои живот на Земјата. Тоа се формирало пред околу 4,6 милијарди години, но сепак е едно од најмладите во нашата галаксија. Научниците веруваат дека сè започнало со огромен облак од гасови и прашина кои формирале топка. Густите гасови кое се наоѓале во центарот, започнале да создаваат масивни количества на енергија преку процесот нуклеарна фузија и на тој начин започнал бурниот живот на младото Сонце.
Во јадрото, огромниот гравитационен притисок предизвикува температурата да достигне повеќе од 15 милиони степени. Плазмата се движи кон површината на Сонцето и зрачи топлина од надворешната обвивка, наречена фотосфера каде што температурата е околу 5.500 степени.
Но, дали знаевте дека…
- Околу 72% од гасовите во Сонцето ги сочинува водородот. Од останатите гасови поголем дел зазема хелиумот заедно со кислородот, јаглеродот, неонот, магнезиумот, железото и силициумот. Научниците досега успеале да забележат вкупно 67 елементи во составот на Сонцето.
- Во близина на атмосферата, енергија од јадрото на Сонцето патува накај фотосферата, од каде што се испушта како сончева светлина.
- Црвеникавиот сјај од наредниот слој (хромосферата) може да се забележи само за време на целосно затемнување на Сонцето. Короната е третиот слој од Сонцето која изгледа како заслепувачка бела светлина од јонизиран гас исфрлен накај вселената.
- На сончевата светлина ѝ се потребни само 8 минути за да стигне до Земјата, која е оддалечена 149.597.871 километри. Бидејќи орбитата на Земјата околу Сонцето има овална форма, разликата во оддалеченоста од Сонцето варира од 146 милиони до 152 километри во текот на годината.