EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Започна пописот на население, станови и домаќинства во Кичево, Македонски Брод и Пласница

Утринава од 8 часот започна пописот во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница.

Сите попишувачи шт9о ја поминаа тридневната обука и реонските инструктори, во време на почеток беа во канцеларијата на општинската пописна комисија или во местото каде што ќе ја извршат оваа статистичка операција.

Во Кичево пописот започна со намален број попишувачи, 75, кои од утринава опремени со лаптопи и прирачници ги посетуваат домовите на жителите во селата или градот каде што се одредени за попис.

– Од 8 часот утринава започна пописот на население, станови и домаќинства во општина Кичево. Во старт располагаме со 75 реонски попишувачи и 13 реонски инструктори. Сите попишувачи добија инструкции како да постапат, во случај да има бојкот од страна на одредени граѓани. Бидејќи имаме мал дефицит на попишувачи, од општинската комисија прават напори да го надополнат бројот со лица ангажирани во јавната администрација со договор за дело. Според првичните најави во Општина Кичево очекуваме од овие вработени да вклучиме 12-14 лица, а точната бројка и кога тие ќе започнат со попис дополнително ќе биде соопштена. Секој од попишувачите ќе ја заврши оваа операција во три реони и ако некаде имаме недостаток на попишувачи, тие што најпрво ја завршиле работата ќе бидат вклучени во преостанатите населени места, истакна Јованчо Сапунџиоски, државен инструктор.

Во општините Македонски Брод и Пласница во осум часот започна оваа статистичка операција со 45 реонски попишувачи, четири реонски инструктори и двајца државни инструктори.

– Во двете општини го имаме неопходниот број на реонски попишувачи 45 од кои 30 ќе бидат ангажирани во општина Македонски Брод и 15 попишувачи во општина Пласница. Утринава сите попишувачи беа на местото за попис или во канцеларијата во Македонски Брод, за да ги добијат последните инструкции за претстојната статистичка операција. Сите попишувачи се опремени со заштитни маски и средства за дезинфекција и безбедно можат да ги посетат домовите на локалните жители, потсети Дејан Србиноски државен инструктор.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Утрински навики поради кои сте уморни во текот на целиот ден

Angela

Што се случува со телото кога подолго време немате секс?

Angela

Времето сончево и тивко, од среда врнежи и пад на температурите

Angela