Пејачката Наташа Беквалац веќе неколку години ја издава својата луксузна вила за различни видови на прослави, а на месечно ниво заработува и до 18.000 евра, пренесуваат српските медиуми.
Нејзиниот имот во Нови Сад стана популарно место не само меѓу „обичниот свет“, туку и меѓу нејзините колеги.
Тие ја изнајмуваат нејзината вила за да ги прослават родендените или венчавките во интимен круг на пријателите и семејствата.
Куќата е убаво уредена и со голем двор и детско катче, внатрешноста исто така е луксузна што е погодна и за симски и за летни прослави.
Наводно откако интересот за неа се зголемил од ден на ден се повеќе, пејачката ја подигнала и цената за изнајмување на истата.
Па така сега изнајмувањето чини вртоглави 900 евра за 24 часа.
Само во текот на мај вилата била изнајмена 20 дена, а ова доведува до сума од 18 илјади евра на месечно ниво што ги заработила Беквалац.