EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Црна хроника

За брзо возење казнети 148 лица

На 19.06.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 148 возачи, од кои 47 санкции се изречени на територија на Битола, 38 на територија на Ресен, 39 во Прилеп, 6 во Демир Хисар, 3 во Крушево и 15 санкции во Македонски Брод. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин

Angela

Работењето од дома ќе биде регулирано во новиот Закон за работни односи

Angela

Денеска е главниот празник посветен на Јован Крстител

Angela