EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

За што се добри капините и зошто треба да ги јадете во текот на целата година?

Капините се нискокалорични, богати со хранливи материи и антиоксиданси. Идеална храна се во текот на летото, а со нив може да го подобрите вкусот на овошните салати, коктелите, па дури и појадокот од овесна каша.

Достапни се на пазарите и во природата, може да ги одгледувате и во вашиот двор. Ако не можете да најдете свежи капини, за среќа замрзнатите се достапни во  текот на целата година.

Ако сте љубител на капини, прочитајте кои пет ефекти ги имаат кај тој што ги консумира:

Може да ослабите

Влакната во капините можат да помогнат во поттикнување на ситост, а тоа може да помогне во одржувањето на здрава тежина на долг период. Капините природно се без масти, немаат дополнителен шеќер и релативно се ниско калорични.

Го подобруваат имунитетот

Содржат витамин Ц кој придонесува за имунитетот и поттикнува активност на чистење на антиоксидансите. Една шолја свежи капини обезбедува 30 мг витамин Ц.

Когнитивни подобрувања

Капините содржат полифенол наречен антоцијанин кој исто така се наоѓа во другите намирници кои се природно со виолетова боја. Податоците покажуваат дека овој полифенол е поврзан со значајно подобрување на паметењето, вниманието и психомоторната брзина, што ги прави капините моќна храна за здравјето на мозокот.

Ќе забележите подобрување во работата на цревата

Вашиот цревен микробиом има длабоко влијание на здравјето на цревата, вашиот имунитет па дури и на вашето ментално здравје. Консумацијата на зрнесто овошје, вклучително и капини, може да го поддржи здравиот микробиом на цревата.

Може да ги намали воспаленијата

Хроничните воспаленија се поврзани со болести на срцето, мозочни удари, карцином и други болести. Податоците покажуваат дека капините можат да помогнат во борбата со воспаленија, особено ако се предизвикани од дебелина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Верувале или не: Летечките автомобили се „минато“- ова чудо се очекува во 2023 година

Angela

Дневен хороскоп

Angela

Ќе се смеете до солзи, приказна која се чита во 1 минута

Angela