EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Земјотреси ја тресат утринава Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 1.12.2021 година, регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 km југозападно од Скопје.

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес е регистриран во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а вториот кратко по првиот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.

Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ужива во бременоста – Антониа Гиговска го покажа голото трудничко стомаче, веќе „не може“ да сокрие дека чека принова (ФОТО)

Angela

Плутон во Водолија: Огромни трансформации и испишување на нови правила

Angela

Пике запуштен и со некој килограм вишок стигна во Мајами да ги види Шакира и децата (ВИДЕО)

Angela