EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Зетот на Цеца никогаш не се појавува во јавноста – живее заедно со пејачката речиси 20 години и има посебна улога во вилата на Дедиње (ФОТО)

Сестрата на балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ речиси 20 години живее во вилата на Дедиње заедно со своето семејство.

Внуката на Цеца, Хелена Очокољиќ пред два дена го прослави својот 18- роденден, а само неколку часа претходно екипата на „Телеграф“ го фотографираше зетот на пејачката на аеродромот во Белград.

Предраг веднаш по слетувањето се упатил кон вилата на Цеца каде веќе живее речиси 20 години со својата сопруга и семејството.

Тој во домот ја има улогата на машка фигура која во животот на пејачката недостасува по загубата на сопругот.

Тој инаку во младоста бил посветен на спортот, па два пати заиграл и во дресот за репрезентацијата, а по пензионирањето од фудбалот се повлекол од јавноста и речиси никогаш не се појавува во медиумите за разлика од неговата сопруга Лидија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

И само 4.000 чекори дневно се доволни за подобрување на здравјето

Angela

Интересни факти за Македонија – eден од преживеаните од Титаник е Македонец

Angela

ТРАГЕДИЈА: Се удави 2-годишната ќерка на американски спортист

Angela