EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека сте создадени еден за друг, но сепак постои дел од вас кој се сомнева дека такво нешто е возможно во овој наш несовршен свет. Постојат пет знаци кои можат да ви откријат дали навистина сте во врска со вистинската личност или вашата интуиција ве изневерува.

Се чувствувате удобно
Среќни сте во врската и не сонувате како би било да се биде со некој друг. Можеби секој ден не ви е исполнет со среќа и просперитет, но не ве вознемирува премногу, бидејќи знаете дека покрај себе имате личност која неизмерно ве сака и почитува.

Не се потпирајте само на вашиот партнер за да ве направи среќни
Свесни сте дека вие сте креаторот на вашата среќа и дека тоа е здрав став, кој го симнува товарот од вашиот партнер. Врските во кои едната личност очекува другата да ја направи среќна не функционираат на долг рок, бидејќи во такви околности неизбежно е едниот партнер да работи многу повеќе за задоволство на другиот отколку другиот да работи за него, што на крајот неизбежно предизвикува чувство на запоставување и огорченост кај првиот партнер.

Го прифаќате партнерот со сите негови предности и недостатоци
Помеѓу вас и вашиот партнер постои разбирање дека ниту еден од вас нема да се обиде да го промени другиот. Го прифаќате партнерот таков каков што е, а тој го има истиот однос кон вас. Во исто време, сосема е нормално да му ги откривате вашите најинтимни тајни на партнерот, без страв дека тој ќе си поигрува со вашата доверба. Ако некој ве сака и почитува кога е целосно запознаен со вашите добри и лоши страни, тоа е знак дека сте во врска со вистинската личност.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за вторник (02.11.2021)

Angela

Три залудни обиди да ја спасите врската на која ѝ нема спас

Angela

ЧУДО ОД ДЕТЕ Бебе од 10 месеци изговара зборови што многу возрасни не можат

Angela