Одредени компании кои се занимаваат со транспорт одлучиле да не ги превезуваат електричните автомобили.
Наспроти заложбите за се поголемо ширење на употребата на електрични возила како попријателски кон животната средина, постојат формални проблеми кои го оптоваруваат нивното дистрибурање до корисниците.
Бродовите кои се занимаваат со транспорт користат систем за гасење пожари што содржи јаглерод двооксид, а тоа не се покажало добро во пракса, кога станува збор за пожар предизвикан од електрични возила. Наспроти ова, не постојат големи разлики во бројките на предизвикани пожари, без оглед дали возилото има бензиски, дизел или елетричен мотор.
Ова ги поттикнало германските осигурителни компании да бараат превозниците да инсталираат соодветни системи за гасење пожари, со цел таквиот транспорт да биде подобро заштитен. Наместо систем кој користи јаглерод двооксид, треба да се користи систем со „водена магла“. Разликата е во тоа што евентуалниот оган од батериите на електричните возила ослободува и кислород, што прави пламенот и натаму да гори.
Бродскиот превоз се смета за најдобра замена на сувоземниот, бидејќи камионите имаат мал капацитет, а дополнително и на тој пазар недостига работна сила.