За многу мажи самата помисла за обврзување со една жена е доволна за да исчезнат веднаш. Мажите ја сакаат својата слобода.
Загубата на слобода и лично пространство може да биде причина за стравот од обврзување кај мажите.
Што го предизвикува стравот од обврзување кај мажите? Еве некои од причините:
Загуба на слободата. Кога ќе се обврзете со некого, губите дел од вашата слобода. Веќе не треба да мислите само и единствено за себе си. Мажите ги преплашува таа помисла. Тие сакаат да донесуваат свои одлуки и да го живеат животот по свои правила.
Загуба на лично пространство. Некои луѓе се однесуваат многу заштитнички, кога станува збор за нивното лично пространство. Мажите се плашат од тоа да бидат опкружени со женски работи, да ја изгубат контролата над телевизорот и нивното „машко“ пространство да биде преземено од цветни слики и женски козметички производи.
Моногамија. Денес на мажите им е тешко да одржуваат моногамна врска. Тие се плашат дури и од самата помисла дека ќе бидат само со една жена до крајот на животот, а кога ќе го искусат тоа се чувствуваат заробени.
Довербата. Ако мислите дека само ние жените имаме проблеми со довербата – грешите. Мажите многу често се плашат дека ќе бидат изневерени од својата партнерка, ако се во сериозна врска. Тоа особено важи доколку имате врска од растојание.