Иако на некоја возраст почнуваат да се појавуваат бели влакна, кај многумина дури и погледот на едно бело влакно буди желба да го искорнат.
„Повеќето тоа го прават поради верување во мит дека ако влакното не се искорне ќе ги побели и влакната околу него, но тоа не се случува се додека не умрат пигментните клетки на фоликулите“, објаснува фризерот Треј Гилен.
Корнењето на седите влакна на косата нема да и направат ништо добро, со оглед на тоа што во една фоликула може да расте само едно влакно, а кога ќе побели пигментот веќе го нема, па корнењето на седите влакна може само да поттикне раст на нови седи влакна.
„Покрај тоа, корнењето влакна може да ги трауматизира фоликулите на влакната и да ги оштети така што веќе ништо во него да не расте“, вели Гилен и напомнува дека оваа штетна навика може да предизвика и инфекција, создавање лузни на темето и ќелавост на некои места.
Објаснува и дека седата коса често произведува помалку себум поради што има поинаква текстура од останатите влакна.
„Седата коса е малку погруба и погуста од косата која сте ја имале пред да побели“, вели тој и советува едноставно да ги игнорирате повремените седи влакна кои се појавуваат.