Морковите се вкусни и имаат огромни придобивки за вашето здравје. Богати се со влакна, калиум, витамин К, витамин Ц, антиоксиданти и бета каротeн.
Сепак не треба да претерувате за да не ви се појават одредени нуспојави. Прочитајте што се случува во вашето тело ако јадете моркови секој ден.
Ќе ви се промени бојата на кожата
Ако јадете премногу моркови, ќе внесете премногу бета каротин во крвотокот па поради тоа вашата кожа ќе добие жолта боја. Иако изгледа чудо, не е опасно по здравјето.
Помал ризик од развој на дијабетес
Морковите содржат околу два грама влакна, а тоа ја намалува апсорпцијата на глукоза во крвотокот. Освен тоа, морковите се богати со антиоксиданти кои помагаат во сузбивање на слободните радикали во телото и штетата што ја предизвикуваат. Студијата од Холандија која опфати 38.000 луѓе покажа дека има врска меѓу консумирање бета каротеноид и низок ризик од развој на дијабетес.
Го чуваат телото од други болести
Многу студии покажаа дека морковите го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни болести и рак. Затоа лекарите често ви укажуваат на тоа дека треба да јадете свежо овошје и зеленчук.