Ова е рецепт за најмекото телешко месо со сос од суви сливи и вино.
Потребни состојки:
-600 г телешко месо од бут
-малку сланина
-30 г путер
-2 лажици масло
-100 г суви сливи
-2 моркови
-80 кромид
-100 мл бело вино
-една китка магдонос
-2 лажици сув зачин од билки
Начин на подготовка:
Телешкото месо исечете го на потенки парчиња и посипете го со зачин, па испржете го во загреана тава на мешавина од путер и масло.
Додадете ја сланината исечена на коцки и уште малку попржете. Додадете го исечениот кромид, ренданите моркови и сувите сливи. Додадете вода и оставете да се довари.
Извадете го месото и ставете го во чинија, а зеленчукот со суви сливи иситнете го и ставете во блендер, да добиете густ сос.
Во сосот додадете малку вода и вино, па вратете го месото повторно да се довари и соедини со сосот. Пред да послужите, посипете со исечкан магдонос.