EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

ИМАЛО ЗОШТО ЈА КРИЕ ОД ЈАВНОСТА – кога светот дозна колку години има девојката на Халанд таа со право ги избришала социјалните мрежи (ФОТО)

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Браут Халанд го прослави освојувањето на Лигата на шампионите со својата девојка Изабел.

Изабел му се придружи на Халанд на теренот, потоа зеде едно од столчињата што ги користеа камерманите, го донесе на теренот и седна на него додека Халанд седеше до неа на тревата и навиваше. Симпатичната сцена ја овековечија со фотографиите. После тоа позираа заедно со пехарот. За време на играта, убавата бринета беше во друштво на таткото на Халанд.

Халанд е четири години постар од Изабел, а нивната врска долго време ја криеја од очите на јавноста. Многумина шпекулираа дека причината за тоа е што таа само минатата година наполнила 18 години. Тие се познаваат уште од детството.

„Изгледа дека нивната врска е доста сериозна. Изабел претходно отпатувала во Германија, а потоа во Англија за да го види Ерлинг и сега е со него во Марбела“, изјави извор за британските медиуми откако парот беше сликан заедно во Марбела.

Набргу откако јавноста дозна како изгледа, Изабел ги деактивирала сите профили на социјалните мрежи.

За потсетување, Сити во Истанбул го победи Интер со 1:0.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Тој ден ќе слави нешто друго: Еве зошто Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс

Angela

Сестрата на Селин Дион за страшната болест на пејачката: „Верувам дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде“

Angela

Стои на раце на 60 години: Лидија Вукичевиќ се надмина себеси – оваа поза е тешка и за двојно помладите (ФОТО)

Angela