EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Интересни факти за Македонија – eден од преживеаните од Титаник е Македонец

Нашата татковина е срцето на Балканот, но низ историјата било и срцето на Европа. За тоа сведочат бројните археолошки ископини, но и природните богатства, на кои сите ние треба да бидеме горди.

Да се потсетиме на некои факти за Македонија, кои можеби сме ги подзаборавиле:

 

 

1. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

2. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија.

Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости.

3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот.

Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)

4. Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”

5. Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените”.

6. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.

Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

7. Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.

Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба” живеел во Скопје, имал жена и деца, а починал во 1942.

8. За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

9. Музиката во Македонија датира од 11 век.

БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.

10. Најстаро дрво во Македонија- Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот.

Расте од времето на Св.Климент Охридски – 9 век.

11. Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец” се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.

Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Песните од Тоше ми се во срце“: Кинезот Чонг ја посети Македонија и испеа неколку песни во чест на Проески

Angela

Уапсени 28 лица за групно силување на девојче

Angela

Заради Берлускони цел свет слушна за „бунга бунга“ забавите – еве зошто ги нарекле така

Angela