EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Инфлуенсерот Тејт обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање група за експлоатација на жени

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт во Романија е обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.

Обвинети се и неговиот брат Тристан и двајцата соработници. Сите ги отфрлија обвинувањата, јавува Би-Би-Си.

Браќата Тејт беа уапсени во нивната куќа во Букурешт во 2022 година, додека на 31 март беа префрлени во домашен притвор по одлука на романски судија.

Во обвинението доставено до судот во Букурешт, се наведува дека четворицата обвинети во 2021 година формирале организирана криминална група за шверц на луѓе во Романија, но и во други земји, меѓу кои и САД и Британија.

Именувани се седум жртви за кои се вели дека биле намамени од браќата на Тејт со лажни ветувања за љубов и брак.

Судењето се очекува да трае неколку години.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска сончево и топло – само еден ден од велигденските празници ќе биде сончев, а сите останати ќе врне!

Angela

ОД ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО СТУДИО – откако сите и го видоа новото лице на старлетата ја споредуваат со Аватар, додека „балоните“ ќе и пукнеа од деколтето

Angela

КАРЛЕУША ВО ФУСТАН ОД 10 ЕВРА – и тоа како ќе зумирате да се уверите дека не носи гаќички, од глетката ќе ви се заврти во умот (ФОТО)

Angela