EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

ИТАЛИЈАНСКА ТОРТА СО ЦРЕШИ! Рецепт кој секому му успева!

Искористете ја сезоната на цреши за да пробате рецепт за едноставна торта која сигурно ќе стане омилен „гостин“ на вашата трпеза… Уживајте!

Состојки:
250 гр маскарпоне
3 јајца
300 гр брашно
една лажичка прашок за пециво
50 гр путер
400 гр цреши
лажичка екстракт од ванила
220 гр шеќер во прав
по желба малку рендано чоколадо

Подготовка:
Измијте ги црешите. Во меѓувреме изматете ги шеќерот и јајцата во крем. Во нив додадете маскарпоне и промешајте со шпатула. Додадете просеано брашно, прашок за пециво и ванила. Истопете го путерот, се остава да се излади, па се додава во смесата со мешање. На крај додадете ги црешите и промешајте. За печење на торта со цреша, користете калап со отстранлив раб, покриен со хартија за печење. Истурете ја смесата и израмнете. Тортата се пече на 180 степени околу 35-40 минути и се остава да се излади. Посипете ја тортата со шеќер во прав или рендано чоколадо и послужете.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Млечните производи исто како и шеќерот може да создадат зависност

Angela

Експертите појаснија: Дали кафето и чајот можат да ја заменат водата во текот на денот

Angela

ЈАСНИ ЗНАЦИ: На вашето тело му недостасува витамин Ц!

Angela