Италија стана првата западна земја што го забрани користењето на напредниот чет-бот, „ChatGPT“, откако претходно тоа го сторија Кина, Иран, Северна Кореја и Русија.
Италијанската служба за заштита на податоците изрази загриженост за нарушување на приватноста во врска со моделот на вештачка интелигенција познат како „ChatGPT“, а кој е креиран од американската компанија „Open AI“ и поддржан од „Microsoft“.
Според веста што ја пренесе „Би-Би-Си“, забраната стапува на сила веднаш, а дополнително ќе се испитува нарушувањето на протоколите за чување на лични податоци (GDPR). Наводно, поддршка за ваков чекор добиле и од Ирска, додека Велика Британија се уште размислува дали ова да го регулира со закон.
Поводот за ваквата реакција е востанувањето дека „на 20 март чет-ботот направил прекршување, при што добил пристап до лични разговори и информации за платежни картички на неговите корисници“. Дополнително, алатката нема опција за проверка на возраста на корисниците со што малолетниците ги изложува на апсолутно несоодветни одговори во споредба со нивниот степен на развој и свесност, за разлика од онаа што ја промивира „Google“.
На компанијата и се дадени 20 дена за да ја докаже исправноста во оваа постапка, а најавена е казна од регулаторното тело која може да изнесува 20 милиони долари или „до 4%“ од приходот.
Photo by Andrew Neel on Unsplash