EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

И денеска високи температури, до четврток земјава во портокалова фаза

Периодот на стабилно и натпросечно топло време продолжува и во претстојниве денови, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за два степенa пониска во однос на вчерашната.

Како што соошти УХМР, времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Колку пониски сметки ќе добиваат граѓаните приклучени на парно

Angela

Временска прогноза за денес и утре – На некои места се очекува снег

Angela

Моќна порака до жените од Анџелина Џоли: По смртта на нејзината мајка, таа проговори за тешката болест

Angela