Анкета спроведена на сајтови за возрасни покажа дека жените уживаат во гледање порно филмови од истите причини како и мажите, бидејќи ги сметаат за сексуално возбудливи и ги користат во текот на мастурбација.
Иако поголем дел од порнографските содржини уште се прават за машка публика, тоа полека се менува бидејќи сè повеќе жени бараат поквалитетни порно содржини, а анкетите покажуваат дека би сакале и повеќе приказни да бидат адаптирани според нивниот вкус.
Уредничката на Marie Claire, Аманда де Кејднет изнесе податоци според направена анкета чија тема се жените и порнографијата. Меѓу останатото, резултатите покажале дека 31% од жените порнографија гледаат еднаш неделно, а околу 10% секој ден бараат порно содржини.
Каква порно содржина сакаат жените:
-хетеросексуална порнографија: 63%
-лезбијска порнографија: 44%
-различен вид порнографија: 31%
-хардкор порнографија: 28%
-софткор или уметничка порнографија: 26%
-геј машка порнографија: 13%
-останато: 13%
Кога станува збор за гледање порно содржини со партнерот, изгледа дека жените преферираат да гледаат сами, 66% велат дека никогаш не гледале со партнерот додека 31% гледаат со партнерите одвреме-навреме.
„Веруваме дека во следните години ќе гледаме повеќе порнографија за жени, со фокус на типичните женски фантазии“, вели де Кејднет.