EXCLUSIVE MK
Наука - новости

И паметниот телевизор може да биде хакиран

Ако имате десетици технолошки уреди во вашиот дом – од паметни телевизори, безжични принтери и говорни асистенти – може да ризикувате илјадници напади за една недела.

Ново истражување откри огромен ризик за љубителите на технологијата кои ги исполнуваат своите домови со паметни уреди. Просечен дом во светот има повеќе од 10 различни поврзани уреди, што вклучува паметни телевизори, термостати поврзани преку Wi-Fi, паметни звучници како Amazon Echo, сијалици со гласовна контрола и многу повеќе. Но, иако овие генијални уреди помагаат во автоматизирање на нашите домови и ни го олеснуваат животот, исто така можат да претставуваат ризик за безбедноста, покажа новата студија.

Според Sky News, студија за потенцијалните ризици од современите домови во Велика Британија, каде што домот бил реконструиран со паметни уреди поврзани на интернет, вклучително и паметен телевизор, безжични безбедносни камери и принтери поврзани со W-Fi, покажа дека типичната куќна поставка била „бомбардирана“ со 1.017 скенирања или обиди за хакирање од целиот свет само во првата недела.

Уште полошо, бројот на скенирања се зголемувал сѐ повеќе и повеќе луѓе се обидувале да утврдат што е поврзано на интернет во лажната куќа и дали има шанси да се пробијат во уредите. Во најпрометната недела, бројот порасна на 12.807 скенирања или обиди за хакирање. Имало 2.435 обиди за злонамерно пријавување уреди.

За среќа, безбедносните заштити што ги придружуваа уредите успеаја да ги блокираат повеќето од овие обиди. Областите од кои доаѓаа заканите беа Америка, Русија, Индија, Кина и Холандија. Најчеста закана беше обидот да се најдат незаштитени уреди и потоа да се користат слаби стандардни лозинки за пристап.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Истражување покажало дека чувањето куче може да ви го продолжи животот

Angela

Науката со одговор кое хоби е најмногу релаксира? Нема никогаш да погодите

Angela

Бустер дозата повторно ја зголеми заштитата од хоспитализација

Angela