Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (35) пред еден месец го роди својот трет син.
Гордата мајка сега објави фотографија на својот Твитер профил на која позира во убав бел фустан и сандали. А во описот на фотографијата напишала дека оди на забава.
Going out again for the first time in weeks ☺️ pic.twitter.com/8yqR3MiN0W
— Ana Ivanovic (@anaivanovic) June 9, 2023
„Излегувам за првпат по неколку недели“, напиша Ана позирајќи во бел фустан кој ја откри нејзината извајана фигура, и високи потпетици.
Верните фанови на поранешната тенисерка не штедеа пофални зборови кога е изгледот на Ана во прашање.