Фитнес инфлуенсерката е убиена пред своето семејство во наводен обид за грабеж.
Луан Мурта Хардим дос Сантос Мартинс била со сопругот и нивниот двегодишен син Мигелзињо, кога осомничените пришле до нивниот семеен автомобил и отвориле оган.
View this post on Instagram
30-годишната инфлуенсерка, која имала повеќе од 350.000 фанови на Инстаграм, била погодена во рамо и куршумот пробил до нејзиното срце.
Луан, која го документирала процесот на слабеење на социјалните мрежи, била убиена во Рио Де Жанеиро, во Бразил, вечерта на 21-ви мај.
View this post on Instagram
Жртвата била итно пренесена во општинската болница Салгадо Фиљо, но им подлегнала на повредите набрзо по пристигнувањето.
Полицијата го истражува пукањето како обид за грабеж.
Таткото на жртвата, Атанаел Хардим дос Сантос верува дека неговата ќерка била мета.
Тој рекол дека неговата ќерка ја следеле осомничените пред да отворат оган и додал: „Ова не беше само грабеж. Тоа беше убиство. Никој не пука во друг во автомобил со затворени прозорци“.
View this post on Instagram
Според извештаите, осомничените прво пукале во задниот дел од возилото пред да се провлечат покрај автомобилот и повторно да пукаат.
Сопругот на Луан, Жоао Педро Фарче, рекол дека нивниот син во тој момент во автомобилот, но дека двајцата биле неповредени во пукањето.
View this post on Instagram
Тој им напишал на следбениците на Луан: „Сакам да им се заблагодарам на сите кои праќаат многу пораки. Јас сум добро, Мигелзињо е исто така добро“.
На својот профил на Инстаграм, Луан делела совети за фитнес и губење на тежина откако ослабела повеќе од 42 килограми.
View this post on Instagram
Зад себе оставила две деца на возраст од 10 и 2 години. Истрагата за нејзината смрт е во тек.