Каја Гербер, ќерката на легендарната манекенка и топ модел Синди Крафорд, реши да тргне по стапките на својата мајка и да влезе во светот на манекенството. Сите светски дизајнери „ја бркаат“ да биде нивно заштитно лице, но таа ги избра своите омилени.
Каја веќе неколку години постигнува успеси во светот на модата. Таа е заштитно лице на брендот „Marc Jacobs“ и нивниот мирис „Daisy“. Таа отвори и свој клуб на читатели, покажувајќи дека има поширока перспектива од манекенството.
View this post on Instagram
Таа неодамна стана заштитно лице на брендот „Селин“, што само дополнително ја потврдува нејзината популарност. Каја иако прошета по модните писти на ревиите на сите големи модни куќи, нејзината кариера се’ уште се развива.
Пред неа се уште многу деловни успеси, а не можеме а да не забележиме колку неверојатно потсетува на својата мајка. Таа ја наследила препознатливата убавина и шарм на мајка си, а нејзиниот изглед го освојува светот на модата.
View this post on Instagram
Каја Гербер не само што е наследничка на една од најпознатите манекенки на сите времиња, туку е талентирана и успешна. Нејзиниот изглед и професионализам ја прават една од најбараните млади модели денес, а по се изгледа има светла иднина.
View this post on Instagram