Утре ќе биде променливо облачно и свежо со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Минимална температура ќе се движи од 6°C до 13°C, додека пак максимална температура од 15°C до 21°C.
Од утре следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.