EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Како да ги откриете симптомите на депресијата

Повеќето луѓе знаат кои се емоционалните симптоми на депресијата, но не знаат дека депресијата може да предизвика и физички симптоми.

Некои од тие симптоми се:

Болки во вратот. Ако страдате од депресија може да ви се појават и болки во вратот или ако веќе сте имале болки да се зголеми нивниот интензитет.

Главоболка. Главоболката е често среќаван симптом кај луѓето кои страдаат од депресија. Доколку претходно сте страдале од мигрена, во периодот на депресија ситуацијата се влошува.

Проблеми со дигестивниот систем. Може да чувствувате гадење, да имате дијареа или да имате симптоми на запек.

Болка во градите. Ако чувствувате болка во градите треба да посетите доктор, затоа што можно е да имате проблеми со срцето. Но, болката во градите често е и симптом на депресија.

Проблеми со спиењето. Луѓето кои страдаат од депресија имаат проблеми со спиењето. Некои од нив тешко можат да заспијат и да се будат порано, а некои спијат многу повеќе од нормалното.

Промени во апетитот. Некои луѓе кои се во депресија го губат апетитот и логично губат тежина. Други пак постојано мислат на храна, внесуваат многу повеќе јаглехидрати и ја покачуваат телесната тежина.

Замор, вртоглавица, несвестица. Ако сте во депресија, без разлика колку спиете, пак се чувствувате изнемоштени. Промените во апетитот, проблемите со спиењето, главоболката, сето тоа може да доведе до вртоглавица или дури до несвестица.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Без хемикалии: Средство за чистење од лимон, лимета и оцет

Angela

Мед – прв другар во обидот да дојдете до витка линија

Angela

Експерт: Платнените маски не штитат од делта сојот

Angela