EXCLUSIVE MK
Занимливости

Како да направите златни велигденски јајца?

Ако сакате велигденските јајца да бидат малку посвечени оваа година, златната е идеална боја!

Вапсувањето и украсувањето на велигденските јајца за многумина е идеална можност да ја изразат својата креативност. Децата, секако, сакаат да се придружат во овие активности и да ги бојадисуваат јајцата со разни бои.

Има многу техники за боење јајца и повеќето од нив се феноменални, па секогаш можете да користите природни бои, на пример, од хибискус или боровинка.

Тука е и неизбежната куркума, но и бројни други зачини и тревки. Од друга страна, понекогаш скаме навистина гламурозни креации и иако може да изгледа како многу потешка работа, понекогаш всушност бара многу малку труд.

Идеално, можете да добиете златни јајца со малку трпение и малку златна фолија.

Состојки:

јајца

тенка златна фолија

белки

Подготовка:

Сварете ги јајцата и добро исушете ги, а потоа потопете ја четката во белките и поминете преку јајцето и залепете ја фолијата.

За добро да се залепи фолијата, треба да работите постепено.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕНЕСКА ЕДНА РАБОТА ЖЕНИТЕ МОРА ДА ЈА НАПРАВАТ – а еве што да направите со првото велигденско јајце

Angela

Џабе се фалите – бројот на партнерки не ве прави подобри љубовници

Angela

МОТИВАЦИЈА: Зошто треба да поставите системи, а не цели? (ВИДЕО)

Angela