EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Како да познаете дека лажe?

Ние жените понекогаш претеруваме со својата љубомора, но некогаш имаме право да бидеме параноични. Логично е да си го поставувате прашањето: Кога да се сомневаме во верноста на партнерот? За да ви помогнеме да си одговорите на тоа прашање, подолу се дадени неколку знаци по кои можете да познаете дали тој лажe или сè е продукт на вашата фантазија.

Ако не ве гледа право во очи и неговата приказна постојано се менува, најверојатно ве лаже.

Не ве гледа право во очи. Ако не ве гледа во очите додека разговарате, тогаш сигурно нешто крие. Секогаш забележувајте ги знаците што ги испраќа неговото тело. Но, не бидете параноични и да го обвинувате за секој негов поглед настрана. Мажите не ги привлекуваат љубоморни параноични жени.

Неговата приказна постојано се менува. Прво кажува дека бил на билјард со другарите, а потоа дека бил со колегите на пиво. Ако неговата приказна се менува, обидете се дознаете што навистина се случило. Можете да ја започнете истрагата од неговите другари. Но, сето тоа треба да го правите умерено без никој да дознае дека вашата намера е да шпионирате.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ПЕТ најчести сексуални фетиши во светот

Angela

Крокодил станал вегетариjанец

Angela

Како да познаете дека лажe?

Angela