EXCLUSIVE MK
Љубов и интима Медицина НАСЛОВНА

Како да се зголеми квалитетот на спермата?

Ако се обидувате да имате деца, веројатно сте заинтересирани за информации како да го зголемите квалитетот на спермата за да ги подобрите шансите за репродукција. За плодноста е потребен нормален број на сперматозоиди во спермата. За да дојде до бременост, поотребни се само еден сперматозоид и една јајна клетка, па зошто е важен бројот на сперматозоиди?

Колку е доволно?
На кратко, ги зголемува шансите за оплодување. Кога мажот ејакулира во жената, шансите дека еден сперматозоид ќе достигне и ќе се имплантира во јајната клетка се зголемуваат ако има повеќе сперматозоиди во спермата.

Во просек, спермата содржи 40 до 300 милиони сперматозоиди по милилитар. Нискиот број на сперматозоиди се смета за помеѓу 10 и 20 милиони сперматозоиди по милилитар. Дваесет милиони сперматозоиди на милилитар може да бидат доволни за бременост доколку сперматозоидите се здрави.

Дознајте повеќе, подолу, за тоа како можете да го зголемите бројот на сперматозоиди во вашата сперма.


1. Ослободете се од вишокот килограми
Губењето тежина ако имате прекумерна тежина е една од најефикасните работи што можете да ги направите за да го зголемите бројот на сперматозоиди.
Истражувањата покажале дека губењето на тежината може значително да го зголеми обемот, концентрацијата и подвижноста на спермата, како и целокупното здравје на спермата.
Утврдено е дека промените во бројот на сперматозоиди се најзначајни кај мажите кои имаат повисок индекс на телесна маса, па ако имате голема телесна тежина, па дури и дискретно губење на тежината може да ви помогне.

2. Вежбајте
Дури и ако не треба да губите тежина, останете активни и водете здрав начин на живот што може да ви помогне да го зголемите бројот на сперматозоиди во вашата сперма.
Едно истражување покажало дека кревањето тежина и вежбањето на отворено може да помогне во здравјето на спермата повеќе од другите видови вежби.
Вежбањето исто така може да ви помогне да ја одржите или намалите телесната тежина, што може да има дополнителни придобивки за здравјето на спермата.

3. Консумирајте витамини
Некои видови витамини, вклучувајќи ги и витамините Д, Ц, Е и CоК10, се важни за здравјето на спермата. Едно истражување покажало дека земањето 1000 мг витамин Ц секој ден може да помогне да се подобри квалитетот на спермата.
Вкупниот број на сперматозоиди нема да се подобри, но спермата може да стане поконцентрирана и ќе се овозможи подобра подвижност на спермата. Ова може да ги зголеми шансите за успешно зачнување.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најчести причини за развод

Angela

Зошто треба да јадете лимон секој ден?

Angela

Целосно вакцинирано 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза

Angela