EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Како да се однесувате на првиот состанок?

Првиот состанок најчесто ве прави да се чувствувате нервозни. Чувствувате притисок дека треба да изгледате најдобро што можете и да се однесувате соодветно.

На првиот состанок изгледајте најдобро што можете, бидете љубезни и фокусирајте се на него.

А што точно треба да правите, за да оставите убав впечаток? Еве неколку совети:

  1. Изгледајте најдобро што можете. Облечете се убаво, но не претерувајте. Шминката не треба да биде силна. Обидете се да изгледате колку што можете поприродно. Внимавајте косата да ви биде свежа и чиста, ноктите средени и да не употребувате парфем со силна арома.
  2. Бидете љубезни. Смешкајте се, опуштете се и не се плашете да вметнете во разговорот мала доза на хумор. Направете му мал комплимент, но да не делува тоа нападно.
  3. Менувајте ги темите за разговор. Не навлегувајте премногу длабоко во една тема за да не се случи на крајот само вие да си зборувате сами со себе, а тој само да кима со главата. Зборувајте на различни теми за да покажете дека сте сестрана личност со многу познавања.
  4. Поставувајте му прашања, но со мерка. Така ќе му покажете дека се интересирате од тоа што тој ви го зборува. Не дозволувајте тој да се почувствува како да е на испрашување. Чувајте си едно „пополнувачко“, резервно прашање за да го искористите кога ќе имате потешкотии со разговорот. Така ќе ја избегнете непријатната тишина.
  5. Пратете му SMS. Наредното утро пратете му SMS за да му кажете дека си поминавте забавно. Така ќе го поттикнете побрзо да ја организира вашата втора средба.
  6. Фокусирајте се на него. Многу е нељубезно и иритирачки ако постојано ги гледате луѓето околу вас. Не давајте забелешки за другите луѓе. Вниманието посветете му го него. Така тој ќе се почувствува важен и ќе има поголема почит кон вас.
  7. Имајте реални очекувања. Не планирајте ја вашата свадба само ако тој изгледа како модел. Реално оценете сè што тој зборува и што прави или не прави за вас. Не бидете преголеми оптимисти, затоа што разочарувањето може да биде поголемо.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Луѓето со овие седум карактеристики се најдобри партнери

Angela

Знаци дека сте спремни за нова врска

Angela

Хороскопски двојки до крајот на месецот ќе доживеат разделба

Angela