EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

КАКО ЖИВЕЕШЕ ТАКА И УМРЕ – шокантна изјава на полубратот на Синан Сакиќ, „НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШТО УМРЕ“!

По повод ненадејната смрт на Рашид Сакиќ, синот на пејачот Синан Сакиќ, се огласи и неговиот полубрат Ален со кој имаше повеќе од заладени односи.

Синот на Синан Сакиќ Рашид почина во Сремска Митровица каде ја издржуваше затворската казна, а неговата мајка Велида е неутешна поради трагедијата што ја снајде.

За смртта на Рашид беше известен и неговиот полубрат Ален, кој сега проговори:

– Што да кажам кога не бевме во контакт. Не ми е грижа. Како што живееше, така и умре. Немам никакви информации за него ниту сега ниту претходно – изјави Ален за 24sedam.

Семејството Сакиќ во текот на животот на фолкерот се карактеризирало со исклучително лоши односи, но по неговата смрт тие станувале се полоши и полоши. Покојниот Рашид и неговата сестра Ѓулкица особено биле во лоши односи, а тој неколку пати и се заканувал.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Работи што мажите ги прават само кога се вљубени

Angela

Хороскопски парови кои не се идеални, ама ќе успеат ако се потрудат

Angela

Овошјето кое жените над 50 години треба да го воведат во исхраната: Сојузник на убавината и витката става и борец против стареењето

Angela