EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Како изгледало живеење во подводниот локалитет Врбник

Меѓународен тим археолози ќе работат на подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга, во рамките на проектот „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник”, финансиран од Министерството за култура.

Македонските подводни археолози, палафитните наоѓалишта и наколните населби во Врбник ќе ги истражуваат заедно со колеги од Австрија, Швајцарија, Франција, Полска и Германија.

Sпоред раководителот на истражувањата, лиценциран подводен археолог Валентина Тодороска, целта е откривање на начинот на живеење во наколните населби во Врбник и нивната старост, преку интердисциплинарен пристап, анализа, дендрохоронологија (испитување на старост на колците) и палеоботаника.

Се работи за интернационален проект со акцент на животот и активностите во наколните населби покрај езерата во Македонија, Албанија и Грција.

– Ова е заеднички проект на универзитетите во Берн, Солун и Оксфорд. Во рамки на проектот досега се реализирани истражувања на локалитетот Деспилио, Костурско Езеро во Грција, Лин во Албанија и Заливот на коските кај Охрид, појасни Тодороска.

Активностите кај локалитетот Врбник ќе ги реализира Археолошкиот музеј на Република Македонија во соработка со музејот „Доктор Никола Незобински” од Струга, како дел од проектот EXPLO предводен од Универзитетот во Берн, Швајцарија.

– Во рамки на активностите, предвидени се и отворени денови за пошироката јавност кога ќе бидат претставени дел од резултатите од истражувањето и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со методологијата и работата на овој тип истражувања. Целта е подигање на јавната свест за културното наследство, неговото значење и промоција, информира Тодороска. /МИА

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Принцот на Саудиска Арабија е најбогатиот меѓу сите богаташи: Има 37 години, троши како утре да не постои и живее во луксуз! (ВИДЕО)

Angela

Ги носите многу години? Ретко кој знае дека очилата за сонце имаат рок на траење!

Angela

Дневен хороскоп за четврток, 7-ми септември 2023-та

Angela