EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Како секој знак покажува љубомора!

Девицата ќе предизвика љубомора кај партнерот, а Бикот ќе истражува…
Додека љубомората може да биде знак на љубов и силна врска со партнерот, екстремната форма може да биде фатална за врската. Некои знаци лесно се контролираат, а некои имаат големи проблеми поради тоа.

Овен
Овенот бара апсолутна доверба и прво место од партнерот. Ги презира лагите и лицемерието и поради тоа може да стане многу љубоморен. А љубомората кај него дополнително ја зголемува недовербата и чувството на несигурност во врската и кон партнерот. Наместо постојано да барате знаци на неверство, попаметно би било да седнете со партнерите и отворено да разговарате за нивната несигурност.

Бик
Овој земјен знак копнее по среќно семејство и здрав, мирен дом. Затоа, доколку припадниците на овој знак имаат и најмал сомнеж кај партнерот, кај нив ќе се разбуди духот на истражување. Биковите сигурно ќе се обидат да откријат за што се работи, а со тоа да испровоцираат некои љубоморни сцени, но само доколку имаат причина за тоа.

Близнаци
Родените во овој знак не се склони кон љубомора иако понекогаш, без причина, самите си создаваат чувство на љубомора. Љубопитни и желни за акција, тие ќе почнат да талкаат низ својата богата имагинација, барајќи докази за неверство, кои ќе ги изедат живи и кои на крајот ќе ги направат многу љубоморни и несреќни.

Рак
Овој знак ретко е љубоморен, бидејќи секогаш е слепо заљубен. Раковите се многу посветени на својот партнер и не можам ни да замислам дека можат да бидат изневерени. Но, кога ќе најдат причина за љубомора, ќе бидат длабоко потресени. Тешко им е да простат и ако се чувствуваат повредени, им треба долго време да се опорават, пишува Horoscope Daily.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

Angela

ЗАРАБОТУВА ВРТОГЛАВА СУМА НА ПАРИ – новиот бизнис на Беквалац очигледно се исплати, кога ќе прочитате колку заработила само за еден месец и вие ќе се „фатите за работа“!

Angela

Му купила „Тоблероне“ на својот син: Еве каква скриена слика тој приметил на кутијата

Angela