EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Како сокот од цвекло го подобрува имунитетот?

Исклучително лековито и здраво, цвеклото е идеална намирница за зајакнување на целиот организам, особено за имунитетот.

Нутриционистите особено го препорачуваат бидејќи ги содржи речиси сите минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром. Освен тоа, изобилува со витамините Ц, Б1 Б2 како и витаминот Б12 кој растителните намирници ретко го содржат. Црвената боја ја дава пигментот антоцијан кој помага во обновувањето на крвта

Цвеклото главно се јаде како салата, без оглед дали свежо или варено, а експертите се почесто го препорачуваат и лековитиот сок од цвекло кој е одличен за зајакнување на имунитетот, лекување на слабокрвност, регулирање на притисокот, како и спречување на разни воспалителни процеси.

Редовното консумирање на сокот од цвекло го подобрува прочистувањето на црниот дроб, спречува болести на крвните садови, дишните органи и го забрзува метаболизмот. За сокот од цвекло да ви биде повкусен додадете му малку мед и лимон.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Две лажички свеж ѓумбир го намалуваат холестеролот

Angela

Дали забележавте дека бананата секогаш има шифра 1 на секоја ВАГА за мерење на овошјето?

Angela

Спречува стареење и штити од вируси и бактерии

Angela