EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА Свет

Како ќе изгледа: Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Планирано е да се одржат околу 500 улични карневалски поворки и паради и претстави во овој период, за чија организација се очекува да бидат потребни 3,5 милиони реали (околу 650 илјади долари) вонбуџетски средства.

Како што забележа шефицата на Риотур Даниела Маја, властите одлучиле порано да ги објават параметрите на карневалот, „така што најголемиот празник во Рио де Жанеиро ќе биде блескав”.

Во 2021 година, поради пандемијата на коронавирус, карневалските прослави беа откажани нво цел Бразил, а идејата за нивно одржување во јуни или јули исто така беше разгледана, но подоцна беше одлучено да не се одржуваат. Една година претходно, околу седум милиони луѓе учествуваа на прославите во Рио де Жанеиро.

Сепак, конечната одлука за карневалските прослави ќе се донесе подоцна врз основа на санитарната и епидемиолошката ситуација.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најстарата баба во Ирска го прослави 109-от роденден во автобус: Ова се нејзините два клучни совети за долг и добар живот!

Angela

Срцевите болни не треба да пијат ладна вода

Angela

Загинаа 46 македонски државјани во пожар на автобус близу Перник, Бугарија

Angela