EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Како ќе каже мама: Зошто Балканците си ги споредуваат сопругите со „ненадминливата“ мајка?

За мажите од Балканот се вели дека не покажуваат емоции, дека им е тешко да признаат кога грешат, дека ги сметаат своите мајки за најдобри и дека мора да бидат главни во друштвото. Дали е тоа навистина така и дали вистинските Балканци прифаќаат да работат на себе и да се менуваат? За ова во емисијата „150 минути“ на „Прва“ зборуваше Душан Благојевиќ, животен ментор, кој откри и зошто бројни искуства покажуваат дека мажите постојано ги споредуваат своите сопруги со нивните мајки.

За балканскиот маж се смета дека мора секогаш да биде силен, да ги држи емоциите под контрола, така нè воспитувале од детството. Ако продолжиме да живееме така и во зрелите години, може да има сериозни последици зопто – емоциите постојат со причина. Непријатните емоции можат многу да нè научат. Мојот повик кон мажите е  малку да се спуштиме кон срцето. Жените се поинтуитивни по природа. Се сеќавам кога станав татко, кога ќе го земев син ми, се чувствував изгубено, ми беше хаотично кога тој плачеше, а жена ми веднаш знаеше зошто плаче. Жената тоа просто го чувствува. Ние мажите треба да знаеме дека поврзувањето со нашите емоции не нè право послаби, туку посилни, објаснува Благојевиќ.

На прашањето дали е погрешно тоа што мажите ги споредуваат сопругите со мајките, тој одговори:

Не мора да е погрешно, но погрешно е што нашите балкански мајки прават многу за своите синови. Затоа сакав да почнам да работам со жените, да ги зајакнам. Се водев од личен пример. За мене се правеа многу работи додека растев и знам колку ми беше потешко подоцна. И баба ми и мајка ми правеа многу работи за мене што не требаше да ги  прават. Подоцна ми беше двојно потешко да развијам здрави навики кои полесно би ги научил како дете. Мајките никогаш не смеат да се губат себеси, а жените ја имаат таа тенденција особено во првите две години од детето, вели Благојевиќ.

Тој објаснува дека не треба да правите ништо што детето е способно да го направи самостојно.

Тоа е многу добро правило што го слушнав во домовите за стари лица. Така му правите лоша услуга на вашето дете. Понекогаш ми е тешко кога син ми се подготвува за во градинка и знам дека ако го оставам сам да ги облече своите чевли ме кошта уште десет минути. Но, ако, подобро е да го пуштиме и да задоцниме малку, зошто подоцна неговите љубовни врски и односите со жените ќе бидат многу подобри. Така, нема да очекува жената да му биде мајка, бидејќи таа не може да му биде мајка, објасни животниот ментор.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најголемата грешка која луѓето ја прават кога ја бараат љубовта

Angela

Интересни факти за моливот и пенкалото кои сигурно не ги знаете

Angela

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

Angela