EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. Јован Златоуст

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември.

Денеска е Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија.

Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пораст на цените на храната во Германија и до 25 отсто

Angela

Многу топло време и денеска, од среда северен ветер и заладување

Angela

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците

Angela