EXCLUSIVE MK
Ракомет

Калуѓеровиќ не е веќе дел од Металург, Тарабокија со нерешен статус, а Додиќ e на подготовки со Србија

Металург со нов лик ги започна подготовките за новата сезона, во која ќе биде активен само на домашна сцена.

Тренерот Иван Марковски во новата сезона нема да смета на левиот бек од Црна Гора, Василије Калуѓеровиќ, со кој спогодбено е прекината соработкаа.

Од Автокоманда заминаа и Милан Поповиќ, Даниел Ѓорѓески, Мице Шилегов, Момир Рниќ и Мартин Серафимов, а се уште се преговара со средниот бек Марко Тарабокија за нов договор и продолжување на соработката.

Средниот бек Стефан Додиќ, во моментов е на подготовки со кадетската репрезентација на Србија пред Европското првенство, но исто така и неговиот статус не е решен.

До стартот на сезоната веројатно ќе биде ангажиран уште еден чувар на мрежата што ќе треба да формира трио со Дупјачанец и Бардакоски.

Нови имиња во тимот се Оливие и Кевин Њокас, Улисес Рибеиро, Абдула Мане, Костадин Петров, Димитар Бардакоски и Бобан Каковски.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Металург во нов лик означи старт на подготовките за новата сезона (галерија)

Angela

ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

Angela

Ексклузивно ВИДЕО: Прва навивачка химна од навивачите за ракометната репрезентација за ЕП

Angela