Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во болница во Милано, јавија италијанските медиуми.
Во април годинава тој беше хоспитализиран, а најпрвин се пишуваше дека причината се проблеми со срцето, а потоа се дозна дека му е дијагностицирана леукемија. Берлускони во последните години често беше во болница.
Сепак, покрај политичката кариера, големо внимание во јавноста привлече и неговиот бурен љубовен живот, пишуваат светските медиуми.
Првата сопруга на Силвио Берлускони е Карла Елвира Лусија дел Олио (83), која имала 24 години кога го запознала поранешниот италијански премиер. Се запознале на една трамвајска станица во Милано, си размениле погледи и од тој момент биле неразделни до разводот во 1985 година, со што ставиле крај на нивниот 20-годишен брак.
Една година по венчавката ја добија ќерката Марина, која е претседателка на „Фининвест“ и на групата „Арнолдо Мондадори Едитор“. Тие во 1969 година го добија синот Пјеро Силвио, а денес е извршен потпретседател и директор на групата „Медиасет“.
Бракот на Карла и Берлускони падна во криза уште во 1980 година. Ниту двајцата не открија зошто се разделиле, но се шпекулираше дека нејзината прељуба е причината. Силвио лудо се вљубил во 20 години помладата актерка Вероника Ларио (66), која ја запознал во театар во Милано.
Имено, откако неговата сопруга Вероника Ларио го остави во 2009 година со образложение дека претерано се „дружи со малолетни девојки“, Силвио живее како да е „ослободен од синџирот“, а разводот и донесе рекордна алиментација. – 1,4 милиони евра месечно.