EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато

Карстен Вархолм го освои олимпиското злато на 400 метри со пречки со втор светски рекорд за еден месец

Норвежанецот Карстен Вархолм истрча неверојатно финале на 400 метри со пречки, за да го уништи својот претходен светски рекорд и да освои злато на Олимписките игри во Токио. Дваесет и петгодишниот Вархолм стигна на целта за 45,94 секунди, со што за дури 76 стотинки го подобри времето остварено пред еден месец, кога пак надмина рекорд кој важеше цели 29 години, од ОИ во Барселона.

На исклучително брзата трка, и второпласираниот Рај Бенџамин од САД трчаше под времето на досегашниот светски рекорд, додека бронзата ја освои Бразилецот Алисон дос Сантос.

„Не ми се верува за времето, многу е брзо! Долго време се прашував што е совршена трка. Мислев дека не постои, но ова е најблиску што некогаш ќе бидам до тоа. Ова е единственото нешто што ми недостигаше. Не можам да опишам колку ми е важно ова“, изјави Вархолм.

Тој е светски шампион во оваа дисциплина од 2017 и 2019 година, а во меѓувреме се закити и со европско злато.

„Можеби ќе има нов светски рекорд во Токио“, најави Вархолм по митингот во Осло пред еден месец.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЦЕЛ СВЕТ ЗБОРУВА ЗА ОВА – братот на Шакира му одржал лекција на Пике, го претепал фудбалерот!

Angela

Ендодонтската терапија е дизајнирана да спаси заб!

Angela

Дневен хороскоп за петок, 6 август 2021 година

Angela