EXCLUSIVE MK
Останато СПОРТ

Каспаров „удри“ по Ноле: Ти како Србин треба да го знаеш тоа!

Живата шаховска легенда Гери Каспаров ја коментираше изјавата на Новак Ѓоковиќ за руските спортисти.

Вимблдон неодамна забрани учество на руски и белоруски тенисери, а тоа е вест која одекна насекаде во светот. Од Новак Ѓоковиќ беше побарано да ја коментира оваа одлука на Вимблдон, па тој рече дека војната нема никаква врска со спортистите и дека во оваа ситуација најмногу страдаат обичните луѓе.

„Секогаш ќе ја осудувам војната. Знам колку трауми остава на сите, особено на децата. Ние во Србија го знаеме тоа добро, имавме бомбардирање во 1999 година, многу војни во блиска иднина. Обичните луѓе секогаш страдаат. Не можам да ја поддржувам одлуката на Вимблдон. Играчите немаат никаква врска со тоа“, рече Ѓоковиќ.

Познатиот Гери Каспаров ја коментираше изјавата на првиот тенисер на светот и на социјалните мрежи напиша:

„Русија игра по ранкинг, а убива по националност. Руските спортисти кои не го осудија Путин и војната во Украина – со молкот го поддржуваат. Ѓоковиќ, како Србин, мора да го знае тоа, а гледајќи во историјата, сето тоа е сосема несоодветно“, напиша Каспаров.

Руските и белоруските тенисери многу веројатно нема да може да настапат ниту на следниот Грен слем во Париз – Ролан Гарос.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Перез победи, но Алонсо направи шоу во Џеда

Angela

Снегот во Австрија го спречи првиот сезонски тест на Рико

Angela

Братот на Немања Гудељ колабирал на фудбалскиот терен во Кордоба

Angela