EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Катастрофална изведба: Англичаните не можеа да си ја препознаат химната во Неапол!

Организаторите на квалификацискиот натпреварот меѓу Италија и Англија во Неапол одлучија двете национални химни да бидат интонирани со изведба во живо од страна на познати изведувачи, но крајниот резултат што беше виден на стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше прилично засрамувачки.

Причина за тоа беа техничките проблеми кои ги имаше со тонот познатата италијанска пејачка Елинора, која добиваше звук во погрешно време и со задоцнување ги изговораше стиховите од англиската химна.

Оваа катастрофална изведба предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а во фокусот се најдоа и реакциите на англиските ѕвезди кои исто така останаа изненадени од тоа што го слушаат.

Ваквиот старт на мечот сигурно не беше добар за фудбалерите на Англија и стручниот штаб на Герет Саутгејт, но токму тие имаа повеќе причини за радост на крајот од мечот.

Англија запиша победа од 1:2 во Неапол и ја оствари првата победа во квалификациите за Европското првенство, и тоа во групата во која е и нашата Македонија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој

Angela

882 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 14 починати лица

Angela

Откако беше примен во болница, докторите денес соопштија каква е моменталната состојба на Саша Ковачевиќ

Angela